General Motors од следната година ќе започне со монтажа на Opel Corsa во Белорусија. Во првата година ќе бидат произведени 7.000 возила кои ќе бидат наменети за рускиот, белорускиот и казахстанскиот пазар. Компонентите за монтирање ќе се испорачуваат од фабриките на Opel во Ајзенах, Германија и Сарагоса, Шпанија.
“Монтирањето на Corsa во Белорусија е дел од нашата стратегија автомобилите да се прават онаму каде што се продаваат”, рече шефот на производство на Opel, Питер Том.
Минатата година загубата на GM во Европа беше 1,8 милијарди долари, а годинава очекуваат подобрување. Освен Русија и Турција, единствените два пазари што покажуваат раст, Opel зависи главно од побарувачката во западноевропските земји, како што се Италија, Франција и Шпанија, каде што вкупната продажба на автомобили е значително лоша.
Договорот е валиден до 2017 година, со можност да се додадат дополнителни модели.