Колку заработи земјава лани од извоз на газирани пијалаци?

68

Извозот на газирани пијалаци минатата година достигна ниво ов 22,1 милијарди долари, покажуваат податоците на World’s top exports. Тоа претставува пад од 1,7% во споредба со 2018 година.

Најголем извозник на ваков вид пијалаци е Австрија, којашто лани инкасираше 3,3 милијарди долари. Извозот на газирани пијалаци, пак, на земјава ѝ донесе 26.644.000 долари.

Меѓу првите пет најголеми извозници на газирани пијалаци на глобално ниво се и: Германија (1,9 милијарди долари), Холандија (1,9 милијарди долари), Швајцарија (1,8 милијарди долари) и Тајланд (1,5 милијарди долари).

Од регионот, Србија е најголем извозник со 133 милиони долари извезени газирани пијалаци. Следни се: Бугарија (86,8 милиони долари), Хрватска (67,2 милиони долари), Словенија (66,4 милиони долари) и Грција (45,6 милиони долари).

Фото: Freepik