“Кралот“ на коцкањето почина на 98 години

116

Стенли Хо, тајкунот од Хонг Конг, што го трансформираше Макао во “престолнина на коцкарниците“, почина на 98 години, пишува ВВС.

Хо, кој беше еден од најбогатите луѓе во Азија, го имаше и прекарот “крал“ на коцкањето. Тој беше на чело на една од најпознатите компании од тој сектор – SJM Holdings, чија вредност се проценува на околу шест милијарди долари и под своја контрола има 20 казина.

Овој милијардер, кој бил вљубеник во танцувањето, е познат по тоа што ги советувал своите блиски да не се коцкаат.

Неговото лично богатство се проценува на 6,4 милијарди долари кога се пензионираше во 2018-та година, неколку месеци пред да наполни 97 години. Во врска со неговиот приватен живот, Хо имаше четири жени и 17 деца. Тој беше принуден да го реструктуира бизнисот откако во 2012 година се соочи со правна битка во неговото семејство поради богатството.

Фото: Freepik