Кои земји во Европа отвораат граници и кога

67

Со попуштање на мерките воведени поради пандемијата коронавирус, европските земји почнуваат да ги отвораат своите граници, па многумина се прашуваат каде може да се оди на одмор.

Грчките граници повторно ќе се отворат на 15-ти јуни, но само за граѓаните од Германија, Кипар, Израел, Балканот и балтичките земји. На туристите ќе им биде дозволено да влезат во Грција без негативен тест на Ковид-19 или задолжителен карантин кога меѓународните летови повторно ќе започнат на први јули, но властите го задржуваат правото да прават тестови по случаен избор, пренесува Euronews.

Бугарија најави отворање на границите со Србија и Грција од први јуни.

Хрватска повторно ги отвори своите граници со Словенија на средината на мај, а на 29-ти мај би требало истото да го направи Австрија, Чешка, Унгарија и Словачка.

Унгарија ги отвори границите со Романија. Италија планира повторно да ги отвори границите на трети јуни за ѓраѓаните на ЕУ, Велика Британија, шенгенскиот простор, Андора и Монако. Шпанија ќе ги отвори границите за туристи на први јули.

Француските граници остануваат затворени најмалку до 15-ти јуни, освен за граѓаните на ЕУ кои престојуваат во Франција, сезонските работници и граѓаните на ЕУ кои работат во Франција.

Во Германија проверки на границите со Австрија, Швајцарија, Франција и Данска и за патници кои доаѓаат со авион од Италија и Шпанија остануваат на сила до 15-ти јуни.

Границите на Велика Британија се во моментов отворени. Од осми јуни посетителите од странство ќе седат во карантин до 14 дена.

Австрија планира во целост да ги отвори границите со Германија. Белгиските граници остануваат затворени.

Фото: Pixabay