Сто евра такса за македонските камиони при влез во Косово

47

DEE7926A8BF5DB4BAFEE3C70BDD97080Косовската влада донесе одлука камионите кои од Македонија превезуваат стока на Косово во иднина да плаќаат по 100 евра такса за влез во соседната држава, при тоа наведувајќи дека се работи за рециприоцитетна мерка.

Оваа такса важи и за камиони од Србија и од Црна Гора кои превезуваат стока на Косово.

Советникот на косовскиот министер за инфраструктура Љах Нитај рече дека косовските компании при влез во Србија плаќале такса од 100 евра по камион, и дека од викендов истата мерка е воведена за камиони од Србија, Македонија и Косово.

“Станува збор за реципроцитетна мерка за да се заштитат компаниите од Косово кои извезуваат. Оваа такса ќе се применува и за останатите држави од регионот, со исклучок на Албанија, бидејќи таа држава никогаш не применувала било каква такса за камиони од Косово”, рече Нитај, прецизирајќи дека таксата ќе се наплатува при секој влез на камион на Косово.