Австрија спрема нов закон за заштита на домашните компании од странски преземања

81

Министерката за економија на Австрија, Маргарет Шрамбек, најави закон со кој би се заштитиле домашните компании од странски прeземања.

Според нацрт законот, кој овие денови се очекува да биде упатен на разгледување, се предвидува обврска за одобрување на инвестиции од трети држави за удел од 25%.

Во областите од одбраната, енергетиката, дигиталната инфраструктура, водовод, наука и развој, лекови, како и медицинска опрема, инвестициите кои предвидуваат удел од над 10 % прво ќе мора да бидат одобрени од државата.

“Секако дека сакаме странски инвестиции, но во иднина сакаме да имаме можност да влијаеме на продажбата“, објасни Шрамбек, потсетувајќи дека вакви контроли има и во САД, Кина и ЕУ.

Австрија, како што таа истакна, не смее да биде наивна бидејќи инвеститорите веќе тргнале во “шопинг тура“, барајќи интересни компании за пониски цени. Шрамбек смета дека Кина и САД имаат јасен план, а тоа е се извлече знаењето од Европа.

Фото: Pixabay