Дали цел хотел ќе мора во карантин ако некој од гостите се зарази?

111

Она што ги интересира оние кои ќе одлучат да летуваат надвор од границите на земјата е што ќе се случи ако некој се зарази во хотелот во којшто престојуваат.

Кога станува збор за Хрватска, таа дилема ја реши директорката на Клиниката за инфективни болести, Алемка Маркотиќ. Таа гостувајќи на RTL рече дека во Хрватска полека доаѓа до попуштање на мерките кои се воведени по избивање на пандемијата на коронавирусот и објасни дали ќе се затвори хотел во случај да се разболе некој од гостите.

“Некој мора да го прегледа човекот, епидемиолози да земат негови податоци и да ги утврдат неговите контакти и движење, дали луѓето кои биле со него во контакт држеле дистанца, хигиенски мерки на заштита и слично. Потоа ќе се донесе одлука што е потребно да се стори во објектот“, рече Маркотиќ и додаде дека таква ситуација може да се случи, но верува дека епидемиолошките служби ќе знаат како да реагираат.

Фото: Pixabay