Италијанскиот премиер забрани одземање на становите поради долг

39

enrico-lettaИталијанската влада заедно со премиерот Енрико Лета донесе декрет за оживување на економијата со која се штитат граѓаните, се отвораат фондови за фирмите, се започнуваат нови инфраструктурни проекти и се поедноставуваат бирократските работи. Од 80 точки колку што има декретот, најважна е ставката со која повеќе никој нема да може да биде исфрлен од станот затоа што е должен. Можноста за неплаќање на рата на станбен кредит се продолжува од два на осум месеци, пред да може банката да покрене барање за прекин на исплатата и постапка за поврат на парите.

Освен тоа, се воведува и поевтина струја за граѓаните, интернетот потполно ќе се либерализира, а се укинуваат и некои даноци. На инфраструктурните проекти ќе се вработат околу 30.000 луѓе, а ќе се намалува администрацијата. Ќе се вработуваат нови 1.500 лекари и професори. Ќе се поедностават граѓанските судски процеси, а државните уреди што нема на време да издадат документ или дозвола ќе бидат казнети.