Овој ресторан најде начин како да ги држи клиентите на два метра растојание

121

Многу ресторани ширум светот ги отвораат вратите кон клиентите, но одредени мерки против пандемијата сè уште се во функција, а рестораните наоѓаат креативни начини за спроведување на тие мерки.

Burger King  во Германија воведе гигантски картонски круни за да ги принуди луѓето да стојат на доволно растојание едни од други, пренесува mymodernmet.

Секој клиент на Burger King добива преклопена, рамна верзија на шешир што потоа ќе треба сам да го направи.

“Сакавме да ги зајакнеме правилата за високи стандарди за безбедност и хигиена што ги следат рестораните во BK. Kруната за социјална дистанца е забавен начин да ги потсетиме нашите гости да практикуваат социјално дистанцирање додека уживаат и јадат во ресторанот“, рече претставник на ресторанот.

Фото: Facebook