Вредноста на акциите на компанијата Zoom Video Communications Inc. на берзата Nasdaq порасна 9,7%. Пазарната капитализација на компанијата за првпат надмина 50 милијарди долари.
Bloomberg пишува дека побарувачката за услуги за видеоконференција пораснала за 160% во последните неколку месеци.
Богатството на Ерик Јуан, основач и извршен директор на Zoom, порасна повеќе од 800 милиони долари минатиот петок.
За само неколку месеци Zoom забележа 20 пати повеќе корисници. Според аналитичарите, силниот скок на берзата е последица на позитивните очекувања на инвеститорите кои сметаат на долгорочно зголемување на добивката на ИТ компании.
Фото: Pixabay