Иако е многу важно да се разликуваат итните од важни задачи затоа што тоа значително влијае на квалитетот на нашата работа и продуктивноста, како во деловниот, така и во личниот живот, за повеќето луѓе не е лесно. Зошто? Бидејќи линијата помеѓу итни и важни задачи е многу тенка.
Итните задачи не одземаат многу време и не се тешки, но тие се временски ограничени. На пример, итна задача може да биде телефонски повик, е-пошта на која треба да се одговори или ситуација која бара брз и одлучувачки одговор.
Важните задачи од друга страна, немаат временски распоред, но треба да се извршат заради влијанието што тие го имаат врз личниот или професионалниот живот. Не е дефинирано колку време и напор бараат, а можеби нема да треба да се направат веднаш. Тие придонесуваат за постигнување на долгорочна мисија и цели. На пример, важна задача може да биде промотивна презентација што отсекогаш сте сакале да ја направите, книга што сакате да ја напишете или компанија што сакате да основате.
Ако сакате успешно да ја завршите својата работа, треба да ги распоредите задачите според степенот на нивната итност и важност. Честопати нешто неважно нè одвлекува од она што е важно, затоа работиме на задача само заради нејзината итност, затоа е неопходно да се препознае кои задачи се навистина важни.
Овој пристап, исто така, e корисен затоа што ве потсетува да го додадете принципот на итност на важни задачи со цел да ги редефинирате приоритетите и да се фокусирате на постигнување на вашите цели.
Она што е важно, ретко е итно, а она што е итно, ретко е важно.
Некогаш кога ќе ни се појави непредвидлива задача, таа задача ни се чини важна и мислиме дека мора итн да реагираме на неа. Тоа може лошо да влијае на квалитетот на нашата работа и продуктивност. Затоа кога ќе се појави некоја непредвидлива задача, смирено препознајте која од поставените задачи бара поголем фокус и повеќе труд.
Фото: Pixabay