Извозот на уметнички слики минатата година се позиционираше на 25,3 милијарди долари, што е 11,3% повеќе во однос на 2018 година, покажуваат податоците на World’s top exports.
Од ова најмногу заработија САД, вкупно 9,2 милијарди долари или 36,4% од вкупниот извоз на уметнички слики во светот.
Меѓу петте најголеми извозници на уметнички дела во светот се и: Велика Британија (8,6 милијарди долари), Хонг Конг (две милијарди долари), Швајцарија (1,2 милијарди долари) и Франција (863 милиони долари).
Македонија е 116-та во светот, со извезени уметнички слики во вредност од 77.000 долари или 79,1% повеќе во споредба со 2018 година.
Од земјите во регионот, највисоко е позиционирана Грција (29-та) со извезени уметнички слики од 12,3 милиони долари. Потоа следуваат: Бугарија (691.000 долари), Србија (588.000 долари), Црна Гора (578.000 долари), Словенија (267.000 долари), Албанија (189.000 долари) и Хрватска (154.000 долари).











