Македонско-бугарската стопанска комора ќе соработува со Косово

34

stopanskakomoranamakedonija2Делегација на Македонско-бугарската стопанска комора денес во Приштина ќе потпише Меморандум за соработка со Алијансата на бизнисите во Косово.

Со потпишување на меморандумот ќе се потврди заедничката желба за промовирање на соработката и унапредување на економските односи меѓу Македонија и Косово.

На средбата во Приштина ќе присуствуваат бизнисмени од Македонија, Бугарија и Косово.

Членки од Стопанската комора на северозападна Македонија и бугарски компании ќе ги презентираат интересите за инвестирање во двете економии.