Croatia Airlines ќе побара 92,5 милиони евра државна помош

26

Авиокомпанијата Croatia Airlines ќе побара помош од државата во висина од 700 милиони куни (92,5 милиони евра).

Тоа треба да биде доволно за компанијата да го надмине падот на прометот поради коронавирусот и за понатамошен развој на возниот парк за да може да биде конкурентен на пазарот, пишува Jutarnji list.

Компанијата проценува дека загубата на крајот на годината би можела да достигне околу 150 милиони куни (19,8 милиони евра) во однос на минатогодишниот дефицит од 79,3 милиони куни (речиси 10,5 милиони евра). Останатите 550 милиони куни државна помош (72,7 милиони евра), според препораката на финансиски советници, треба да бидат инвестирани во натамошен развој на флотата.

Фото: Pixabay