Времеплов: Како се “роди“ QWERTY тастатурата?

144

Денес ги користиме постојано, на компјутер, телефон, таблет, телевизор или некој друг паметен уред… Но, дали некогаш сте се запрашале каква историја има QWERTY тастатурата?

Првата машина за пишување е создадена во 1868 година, а зад нејзиниот дизајн стои Кристофер Латам Шолс. Тој неколку пати се обидувал да направи уред што ќе ги отсликува буквите и броевите на хартија, но без успех. Иако можел да се обесхрабри, Шолс дошол на идеа на мали стапчиња да постави по една буква, коишто ќе се пресликаат на хартија ако се допре копчето, оставајќи трага од мастило во форма на буквата. Оригиналниот дизајн на тастатурата подразбирал буквите да бидат распоредени во два реда и подредени по азбучен ред. Шолс во соработка со Амос Денсмор, направиле нов распоред на буквите и поголем простор меѓу копчињата, но и таквиот дизајн не завршил славно. Бидејќи копчињата биле наредени по азбучен ред, а А и Б често се употребуваат при типкање, се појавил проблем поради тоа што тие се заглавувале и го отежнувале процесот на работа.

Сепак, 1872 година се смета како година во којашто е родена QWERTY тастатурата, којашто се покажала како најпрактично распоредување на копчињата и лесно типкање. Тој ги наредил буквите, создавајќи редослед Q W E . Y, додека како последно копче било она што ја покажувало буквата R. Во меѓувреме, Шол почнал да соработува со познатата семејна компанија E.Remmington and Sons, којашто се занимавала со производство на оружје. Тие склучиле договор, но имале еден услов, а тоа е точката (.) да го замени местото со буквата R и на тој начин се “роди“ QWERTY тастатурата.

Фото: Freepik