Основачот на брендот Hello Kitty, Шинтаро Цуји (92), по 60 години работа и врвна положба во империјата која го направи милијардер, одлучи дека е време да се повлече. Контролата на работењето ја препушта на својот внук.
Шинтаро Цуји ќе се повлече од функцијата извршен директор на фирмата Sanrio на први јули, а ќе биде заменет од неговиот внук Томокуни Цуји (31).
Шинтаро прво го основал гифт шопот Yamanashi Silk Center, во 1960 година, а потоа во 1973 година го променил името во Sanrio.
Sanrio беше една од првите јапонски компании што го виде потенцијалот во лиценцирањето на карактерите, а Hello Kitty е најпопуларна и најпрофитабилна креација на таа компанија.
Фото: Pixabay











