Македонија е 60-та земја во светот по увоз на банани, којшто минатата година достигна ниво од 17.017.000 долари или 2,1% помалку во однос на 2018 година.
Во глобални рамки, увозот на банани лани изнесуваше 15,6 милијарди долари, што е за 4,4% помалку во споредба со 2018 година.
Најголем увозник на банани во светот во 2019 година беа САД со удел од 17,6% или 2,8 милијарди долари. Во првите пет најголеми увозници на банани лани со увоз од по 1,1 милијарда долари беа: Русија, Белгија, Кина и Холандија.
Од регионот, најголем увозник на банани е Грција со 151,8 милиони долари. Потоа се: Хрватска (64,3 милиони долари), Словенија (57,2 милиони долари), Србија (56,3 милиони долари), Бугарија (45,5 милиони долари) и Босна и Херцеговина (34,9 милиони долари).
Кога е во прашање извозот, тој минатата 2019 година беше 14,7 милијарди долари или 11,2% повеќе една година претходно.
Еквадор опфаќа 22,6% од вкупниот извоз со 3,3 милијарди долари, а потоа следат: Филипините (1,9 милијарди долари), Колумбија (1,6 милијарди долари), Коста Рика (999,7 милиони долари) и Гватемала (944,5 милиони долари).
Македонија има скромен учинок од само 8.000 долари или 55,6% помалку во однос на 2018 година.
Грција е најголем извозник на банани од земјите во регионот со 52,8 милиони долари. Потоа следуваат: Словенија (49,4 милиони долари), Хрватска (4,5 милиони долари), Бугарија (936.000 долари), Србија (487.000 долари) и Босна и Херцеговина (300.000 долари).
Фото: Freepik











