Јавниот долг на Франција во првиот квартал на годината се зголемил на 101,2 % од БДП, што е најголем тримесечен скок на долгот од кризата во 2009 година.
Јавниот долг од 101,2 % од БДП, во монетарна вредност сега изнесува 2.438,5 милијарди евра, сооопшти националниот Институт за економски и статистички студии на Франција (ИНСЕЕ).
Односно во првото тримесечје, францускиот јавен долг се зголеми за 58,4 милијарди евра во споредба со претходниот квартал. Изразено во проценти, зголемувањето е од 98,1 % од БДП, на крајот на 2019 година, на 101,2 %, што претставува зголемување од 3,1 процентни поени, “најголемо зголемување од второто тримесечје на 2009 година“, забележува ИНСЕЕ.
За целата 2020 година, според предвидувањата јавниот долг би требало да достигне 121 % од БДП.