Австралиската држава, Викторија воведе нови економски мерки со коишто ги охрабрува луѓето кои мислат дека се болни да останат дома и така да го намалат ширењето на коронавирусот.
Откако регистрираа зголемен број на случаеви заразени со коронавирус, локалната власт нуди стимулација од 1.500 долари на луѓето кои знаат дека се болни да останат дома. Овие мерки се во рамки на фондот што би требало да ги покрие лицата кои не можат да земат боледување, односно не можат да отсуствуваат од работни места.
Новиот пораст на заболени е предизвикан поради лица кои знаеле дека се болни, но оделе на работа и имале контакт со други лица.
“Со ова сакаме да им покажеме на граѓаните дека нема финансиски причини за нив да не одат во изолација. Луѓето за жал прават избор со кој не им е важно јавното здравје, туку нивните финансии. Прават погрешен избор“, наведе премиерот на Викторија, Данијел Ендрјуз, пренесува News.co.au.
Фото: Pixabay











