Извозот на природен песок во 2019 година во светски рамки беше на ниво до 1,7 милијарди долари, што е пад од 3,3% во споредба со 2018 година.
САД се издвојуваат како најголем извозник на овој природен ресурс со удел од 27,7% или заработка од 461,3 милиони долари. Меѓу петте најголеми извозници на природен песок во светот лани беа и: Холандија (225,6 милиони долари), Германија (133,4 милиони долари), Белгија (120 милиони долари) и Австралија (97,9 милиони долари).
Според податоците на World’s top exports, Македонија е 82-ра во светот со извоз од 102.000 долари или 1% повеќе во однос на 2018 година.
Од регионот, природен песок лани најмногу извезла Бугарија и од тоа заработила 15,3 милиони долари. Потоа следат: Србија (четири милиони долари), Словенија (2,1 милиони долари), Хрватска (еден милион долари) и Босна и Херцеговина (511.000 долари).
Фото: Freepik











