Тој е доказ дека пандемијата не им наштетила на сите бидејќи неговата компанија за е трговија Pinduoduo, токму поради коронатa и изолацијата драстично порасна, па така Колин Хуанг е моментално вториот најбогат Кинез.
Според Forbes, во неговиот џеб се наоѓаат 45,4 милијарди долари, со што е пред сопственикот Alibaba, Џек Ма, но после Пони Ма, извршен директор на компанијата Tencent.
Хуанг најпрво работел како приправник во Microsoft, а потоа три години како инженер во Google. Како што изјави тој, тие три години биле скапоцени за него, можеби и пресудни да стане тоа што е денес, бидејќи компанијата му дала повеќе од очекуваното.
Pinduoduo го основал во 2015 година, а за само пет години направи бум на пазарот, а свое влијание имаше и моменталната ситуација со коронавирусот, односно карантинот, бидејќи луѓето масовно купуваа онлајн. Компанијата забележа зголемен број на нарачки на дневно ниво од 50 милиони нарачки на 65 милиони.
Фото: Facebook











