Козметичкиот бренд Coty, во чија сопственост е познатата компанија Max Factor, купува удел во козметичката линија Kim Kardashian West (KKW) за 200 милиони долари, пишува CNN.
Старлетата ја основаше KKW пред три години, а поради инвестицијата на Coty, вредноста на брендот се проценува на милијарда долари, што е нешто помалку од компанијата на нејзината сестра, Кајли Џенер, од 1,2 милијарди долари.
Според аналитичарите, трансакцијата покажува дека во козметичката индустрија сè уште се вреднува кланот Кардашијан.
Инаку, минатата година Coty купи 51% од акциите во компанијата на Кајли Џенер.
Фото: Facebook