Кајли Џенер продава акции од нејзина козметичка компанија за 600 милиони долари

60

Кајли Џенер продава мнозински пакет акции од козметичка компанија во висина од 600 милиони долари, пишува BBC.

Брендовите на 22-годишната Џенер, Kylie Cosmetics и Kylie Skin, ќе бидат под контрола на американскиот козметички гигант Coty. Оваа компанија, којашто е сопственик на брендовите Burberry и Hugo Boss, ќе стекне сопственост на 51% од акциите на компанијата на Кајли.

Оваа ѕвезда на реалното шоу на нејзиното семејство, во 2015 година го лансираше нејзиниот козметички бренд со линија од кармини. Иако е најмлада во семејството Кардашијан, таа заработува најмногу.

Според Forbes, Кајли минатата година заработи 360 милиони долари од продажба на козметички производи, со што е една од најмладите милијардери.

Фото: Pixabay