Дали знаете за петчасовното правило на богатите

1385

Некои од најуспешните луѓе на нашето време во животот следат едно, навидум обично правило, кое го измислил познат Американец пред скоро 300 години. Тој Американец е Бенџамин Френклин.

После две до три години од школувањето, тој започна да работи во продавницата за сапун и свеќи на неговиот татко, а имал само 10 години. Починал на 84-годишна возраст, а запаметен е како познат пронаоѓач, успешен писател и бизнисмен, една од најважните личности во историјата на Соединетите држави.

Тој успех, како што пишува Business Insider, го должи  на своето “петчасовно правило“: секој работен ден, тој посветуваше 60 минути на учење и вежбање, односно тој инвестираше пет часа секоја недела во конструктивен тренинг за психата и телото. Оваа идеја сè уште не излегла надвор од мода, а редовно ја применуваат и промовираат Бил Гејтс, Ворен Бафет, Илон Маск, Марк Цукерберг.

Бафет, малку го смени правилото, па тој троши дури пет до шест часа на ден читајќи дневни весници (најмалку пет) и 500 страници деловни извештаи. Гејтс прочитал околу 50 книги за 12 месеци, а основачот на Tesla, во раната младост, читал две книги на ден, а исто и Цукерберг сака да чита.

Јасно е дека најбогатите и најуспешните навреме сфатиле дека свесното учење, со план, е клучот за успехот. За нив, тој час на ден не е “губење време“, туку инвестиција во себе, за нивните квалитети и кариера, на крајот на краиштата на долг рок, континуираното учење е најдобрата инвестиција.

Фото: Pixabay