Американскиот биограф на папата Јован Павле Втори, Џорџ Вајгел изјавил дека постои можност за банкрот на Ватикан заради лошата администрација и сериозниот проблем со корупција.
Американецот Џорџ Вајгел, автор на биографијата на Јован Павле Втори, објавил нова книга Next Pope – The Office of Peter and a Church in Mission.
Во книгата, Вајгел посветува посебно внимание на сериозната финансиска криза во Ватикан.
Според него, на Светата столица ѝ се заканува стечај. Тоа е резултат на лошото управување и големата корупција. Борбата против тоа, пред сè, се состои во промената на структурата на вработување на специјалисти надвор од Римокатоличката црква. Не е невообичаено важните задачи да им се даваат на луѓето без никакви компетенции.
Фото: Freeepik