Германија го ограничува бројот на работни визи за Балканот, единствена шанса ви е ако го работите ова

92

Германија се приближува до одлуката дали да ги продолжи правилата за вработување нискоквалификувана работна сила од Западен Балкан.

Правилото беше воведено во 2016 година и се очекува да важи до крајот на оваа година, а наскоро германските политички партии треба да одлучат дали сакаат да го продолжат правилото по истекот на оваа година, пишува Nezavisne novine.

Иако сè уште нема официјални информации, германските медиуми тврдат дека правилото ќе биде продолжено, но дека ќе биде воведена годишна квота од 15.000 работници од сите земји од Западен Балкан.

И покрај недостатокот на информации, германскиот весник Welt am Sonntag објави статија во која се тврди дека парламентарниот клуб ЦДУ-ЦСУ, односно партијата од која доаѓа канцеларката Ангела Меркел, ќе даде поддршка за продолжување на оваа одредба, но со воведување квота.

Како што велат во Сојузното министерство за труд, управувањето со миграцијата е можно со издавање на дозволи, односно визи, во согласност со, како што објаснуваат, потребите на пазарот на трудот, доколку за специфични работни места нема кандидати од Германија или други земји од ЕУ.

Според неодамна објавената статистика, минатиот месец Германија имала дури 600.000 повеќе невработени од претходната година. Сепак, многумина истакнуваат дека напорната физичка работа на градилиштето сè уште не привлекува значителен број Германци, и покрај зголемената невработеност, а токму тоа е браншата во која најчесто се вработуваат неквалификувани работници од Западен Балкан.

Покрај тоа, како што покажа германската студија, Западен Балкан има квалификувани занаетчии што и се потребни на Германија, а таа земја нема доволно такви луѓе – како ѕидари, водоводџии, електричари, столари.

Фото: Pixabay