Италија ги затвора границите за Македонија и 12 други земји

590

Италија ги затвори своите граници кон 13 земји, вклучително и за Северна Македонија, сметајќи ги за најризични за ширење на коронавирусот.

Забраната за патување се однесува на Ерменија, Бахреин, Бангладеш, Бразил, БиХ, Чиле, Кувајт, Северна Македонија, Молдавија, Оман, Панама, Перу и Доминиканската Република, соопшти Министерството за здравство.

“Епидемијата е во најтешка фаза на глобално ниво. Не можеме да ја загрозиме жртвата што ја направија Италијанците во последните месеци“, рече министерот за здравство Роберто Сперанца.

И директните и индиректните летови со овие земји се прекинати, пишува The Local.

Фото: Pixabay