Мекензи Безос – талентирана писателка која е дел од империја вредна стотици милијарди долари

295

Мекензи Безос, иако го носи епитетот поранешна сопруга на најбогатиот човек на светот, Џеф Безос, таа сега има уште една титула – најбогата Американка. Но, сигурно се прашувате која е Мекензи Безос, со што се занимава, што работи денес и како се справува со огромното богатство што го има?

Мекензи беше 25 години во брак со основачот на Amazon, а далечната 1996 година ја делела канцеларијата со помлад вработен во просторија што во исто време била и кујна на компанијата. Работела по 12 часа дневно во сметководството на Amazon, а навечер влегувала во складиштето за да ги пакува нарачките. Таа има значајна улога во трансформацијата на малата онлајн книжарница во моќен гигант за електронска трговија. Од Amazon се повлекла во 1997 година, кога за првпат се издадени акции на компанијата.

Инаку, Мекензи пораснала во Сан Франциско. На свои шест години напишала книга од 142 страници со наслов The Book Worm. Нејзините родители ја испратиле во ученички интернат во Конектикат, каде што го завршува средното училиште. Потоа, Мекензи студирала на Кембриџ и Престон, каде што дипломирала. Нејзина менторка за дипломската работа била нобеловката Тони Морисон. Мекензи, според нејзините пријатели, била многу паметна и талентирана, но и многу тивка. Во една прилика, Морисон рекла дека “Мекензи има редок талент, а е една од најдобрите студенти што некогаш ги има на своите предавања за креативно пишување“.

По дипломирањето се вработила во фондот D.E. Shaw, каде што го запознала Безос. Прифатила да работи како асистент во администрација за да може да заработува за да ги плаќа сметките додека пишува книги. По три месеци врска, во 1993 година Мекензи и Џеф решаваат да стапат во брак. Тогаш Мекензи имала 23, а нејзиниот избраник 30 години. Следната 1994 година, Безос се селат во Сиетл, каде е основан и Amazon. Веќе во 1999 година се преселиле во Вашингтон, во вила од 10 милиони долари, а за кратко време го добиле и првото дете.

Јавноста можеше да ја види Мекензи на различни важни настани, како што се Оскарите и Златен Глобус, а во 2012 година таа беше домаќин на традиционалниот бал Met Gala. И покрај тоа што од време на време се појавуваше во јавноста, таа внимателно ја чуваше својата приватност, беше посветена на децата и пишувањето.

Својот прв роман го пишувала 10-тина години, а соработувала со познати книжевни агенти. The Testing of Luther Albright е приказна за животот на еден инженер, објавена во 2005 година. Во 2013 година ја објави својата втора книга Traps, којашто го следи животот на една филмска ѕвезда која сака да се соочи со својот татко, измамник кој со години продавал нејзини фотографии на папараци.

Безос бил нејзиниот најверен читател кој ги оставал сите обврски што ги има за да може да ги чита нејзините ракописи.

Минатата година, двојката реши да му стави крај на 25-годишниот брак од којшто имаат четири деца. Таа се согласи да добие 25% од акциите на Amazon, а иако повеќе не се заедно тие одлучија да ја продолжат соработката како партнери во заеднички инвестиции и проекти.

Бидејќи пандемијата од коронавирусот го обиколи целиот свет, направи тектонски промени и промени многу од навиките на луѓето, Amazon забележа огромен раст, што на Мекензи ѝ донесе богатство од над 62 милијарди долари.

Фото: Facebook