Лани имаше 36 милијарди долари, а сега со 62,3 милијарди долари стана најбогата Американка

102

Во седмица кога индексите на берзите мируваа, акциите на онлајн трговците пораснаа. Цената на акциите на Amazon пораснаа за 10% помеѓу втори и деветти јули, што на основачот и извршен директор на компанијата, Џеф Безос му донесоа 188,2 милијарди долари.

Тој и понатаму е најбогатиот човек во светот пред Бил Гејтс, кој има 110,7 милијарди долари. Неговата поранешна сопруга Мекензи Безос сега е најбогатата жена во Америка со богатство од 62,3 милијарди долари, пишува Forbes.

По разводот од Безос во јули минатата година на Мекензи и припаднаа 25% од акциите на Amazon, а нивната вредност тогаш изнесуваше околу 36 милијарди долари. Нејзиното богатство скоро се дуплираше бидејќи пандемијата го промени начинот на купување, па сега Мекензи е пред наследничката на познатиот американскиот синџир на маркети Walmart, Алис Валтон. Мекензи Безос е побогата од неа за 6,1 милијарди долари.

Инаку, најбогата жена на светот е наследничката на L’Oreal, Франсоа Бетенкур Маерс.

Фото: Freepik