Која е најбогатата жена на планетата?

120

Магазинот Forbes ја објави листата на милијардери за оваа година. Меѓу припадничките на понежниот пол, “најдебела“ сметка има Алис Валтон. Таа располага со богатство проценето на 55,6 милијарди долари, а го има благодарение на тоа што е ќерка на основачот на империјата Walmart, Сем Валтон.

За разлика од нејзините браќа, Роб и Џим, таа не е дел од семејниот бизнис, туку се занимава како кустос. Во 2011-та година, го отвори музејот Crystal Bridges Museum of American Art во нејзиниот роден град во Арканзас.

Таа и нејзиниот брат Џим развиваат програма што издава обврзници во вредност од 300 милиони долари за помош на училишта.

Седумдесетгодишната Валтон, на почетокот на кариерата била аналитичар и капитален менаџер, а работела и како брокер и основала инвестициона банка.

Нејзината љубов кон уметноста почнува на нејзини 11 години, кога за 25 центи купила репродукција од сликата на Пикасо, Blue Nudе.

Откако дипломирала во 1971 година, таа кратко работела во семејната компанија во одделот за детска облека.

Кога станува збор за нејзиниот приватен живот, таа се омажила во 1974-та година за угледен инвестиционен банкар. Тогаш имала само 24 години, но се развела по само две и пол години брак. Зад Валтон е уште еден неуспешен брак со “претприемач кој го изградил нејзиниот базен“, но и тој брак завршил за кратко и неславно.

Фото: Facebook