Хрватската стопанска комора (ХГК) ќе ги затвори своите претставништва во Белград, Приштина, Сараево, Котор, Бања Лука и Авганистан, а ќе побара отворање на канцеларија во Вашингтон, јавуваат хрватските медиуми.
Според претседателот на ХГК, Надан Видошевиќ, доаѓа ново време, Хрватска ќе стане дел од Европската унија за неколку дена, преку Хрватска ќе одат средствата за прекугранична соработка и ХГК во тој смисол сака да ги зајакне своите жупаниски Комори кои со соседните земји ќе развиваат таква соработка. Исто така, ХГК ќе ги зајакнува активностите во европските здруженија, а сака да ги зголеми активностите и на рускиот пазар и да создаде нова платформа за извоз во Русија. Што се однесува на пазарот во САД, таму одат затоа што е главен стратешки политички партнер со кој немаат никакви односи и ХГК сака тоа да го промени, додава Видошевиќ.
Дел од вработените во претставништвата што се затвораат ќе бидат интегрирани во системот на Комората, а дел ќе бидат отпуштени.