Телеком Словенија почна со воведување на првите комерцијални 5G мрежи во земјата, користејќи ги постоечките базни станици во рамки на фреквенцискиот спектар од 2.600 MHz, којшто е во употреба за 4G, пренесуваат тамошните медиуми.
Со 5G мрежа на почетокот ќе бидат покриени околу 25% од територијата на земјата, а до крајот на годината тој процент се очекува да надмине 33%.
Словенечкиот национален телекомуникациски оператор наведува дека унапредената 4G/5G ќе овозможи побрз пренос на податоци од оној што го овозможува LTE/4G мрежата.
Целосниот потенцијал на 5G мрежата, ќе биде достапен дури кога ќе биде одобрен дополнителен спектар на фреквенции.
Фото: Freepik