Kodak ќе произведува лекови

54

Американскиот производител на камери, Kodak добива заем од 765 милиони долари од властите за да почне со производство на лекови, јавуваат тамошните медиуми.

Како што се наведува, Kodak ќе произведува суровини и за hydroxyxhloroquine, лек против маларија што американскиот претседател, Доналд Трамп, го промовира во третман против коронавирусот.

“Kodak во новата дејност под името Kodak Pharmaceuticals ќе се потпре на својата голема инфраструктура, голема стручност во производство на хемикалии, мноштво иновации и квалитет“, изјави Џим Континенца, извршен директор на Kodak.

Тој додаде дека неговата компанија е горда што е дел од американската самоодржливост во производство на клучни фармацевтски состојки што се потребни за да бидат жителите здрави.

Kodak ќе произведува фармацевтски суровини за лекови што американската агенција за лекови ги смета за дефицитарни на национално ниво.

Фото: Facebook