Наместо четврток и петок, според објавениот кралски декрет, викенд во Саудиска Арабија ќе биде петок и сабота. Саудиска Арабија го поместува викендот за подобро да ја прилагоди економијата со другите земји во светот. Со тоа им се придружува на останатите нафтени монархии од Заливот, кои во последните години го поместија викендот за да го фатат ритамот на повеќето земји, каде сабота и недела се неработни денови и да го органичат влијанието на разликите врз својата економија и финансиските пазари. Берзата во Ријад, најголемата во арапскиот свет, отворена е пет дена во неделата, од кои само три се поклопуваа со работата на главните светски берзи.
Промената ќе стапи на сила на 29 јуни во јавните и финансиски институции, централната банка и берзата во Ријад.