Намален откуп и продажба на земјоделски производи

83

Намалени се откупот и продажбата на речиси сите земјоделски производи, соопшти Државниот завод за статистика.

Во второто тримесечје од 2020 година откупот и продажбата на земјоделски производи изнесува 2.610.853.000 денари, што во однос на истиот период лани претставува пад од 16,2 %.

Кај откупот на земјоделски производи од индивидуални производители е забележано намалување за 17%, а кај продажбата на земјоделски производи од сопствено производство намалување за 15,5%.

Фото: Pixabay