Дубровник: Лани апартман за 100 евра, а сега вили со базен за истите пари

328

Минатата 2019 година, во Дубровник беше невозможно да се најде апартман на добра локација и со добри рецензии за помалку од 100 евра во пикот на сезоната. Оваа година цените се значително пониски. Апартманите во Дубровник никогаш не биле поприфатливи за џебовите на туристите, пишува Dubrovački dnevnik.

Па така цените во последната недела од месецот, започнуваат од 45 евра за студио. Луксузно уредена куќа за четворица со градина се изнајмува за 130 евра, додека вила со базен чини 117 евра за четири лица.

И хостелите ги спуштија цените, па така ноќевање во хостелите во Дубровник за втората половина од месецов чинат од 30 до 50 евра.

Фото: Pixabay