Осигурителното друштво СН Осигурителен Брокер АД Битола и Универзитет Св. Климент Охридски – Битола потпишаа Меморандум за соработка. Во рамки на соработката објавена е и конкретна поддршка за три стипендии за студенти на насоката осигурување од Факултетот за туризам и угостителство – Охрид со можности за вработување, како и вработување на најдобриот студент од ФТУ.
“СН Осигурителен брокер АД Битола и овој пат како општестено одговорна компанија помага во образованието, им помага на младите. Нашиот интерес и досега беа спортот, културата, екологијата, граѓаните на кои помош им е најпотребна. Вработуваме еден од најдобрите студенти од Факултетот за туризам и угоститетлство, насока осигурувањe. Доделуваме три стипендии, исто така за студентите од овој факултет и оваа насока, по претходно објавен конкурс. На овој начин воспоставуваме и развиваме стратешка соработка со УКЛО и застануваме како најсилен столб за поддршка на младите“, изјави Марија Илковска – Советник за маркетинг во СН Осигурителен брокер АД Битола.
Илковска нотира дека соработката со УКЛО, ги прави горди заради фактот што директно, иако скромно, придонесувааат за развојот на образованието на младите, кои што се и треба да прераснат во столб и силна потпора на нашата иднина. Времињата се тешки, а можеме од овие невремиња да излеземе само со развојот на науката, образованието, со подготовката на младите луѓе сами да се оспособат и да го планираат и креираат својот личен развој, но и сопствената економска независност, вели таа.
“Она што претставува пак, особен предизвик, за секој студент на насоката осигурување е можноста да биде вработен во нашата компанија СН Осигурителен брокер АД Битола. За оној кој што ќе постигне најдобри резултати, вратите на СН Осигурителен брокер АД Битола се отворени. Нашата намера е, покрај давањето шанса за најдобрите, компанијата да ја градиме со млади, високо едуцирани и перспективни менаџери за осигурување, а со тоа стануваме место каде што теоретското знаење оптимално ќе биде применето во реално и динамично бизнис опкружување. СН Осигурителен брокер АД Битола, од денес застанува во недвосмислена поддршка на младите, а за новите форми и начини веќе размислуваме!“, изјави Илковска.
Во периодот што претстои, за трите стипендии за студентите од насоката осигурување, од Факултетот за туризам и угоститетлство ќе биде објавен огласот, на кој што тие ќе можат да аплицираат, соопштија од СН Осигурителен брокер АД Битола.
Договорот го потпишаа ректорот на Универзитетот Св. Климент Охридски проф. д-р Сашо Коруновски и извршниот директор на СН Осигурителен брокер АД Битола, Зоран Пејчиновски.
“Со соработката со Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола се придонесува за развојот на образованието на младите, кои што се и треба да прераснат во столб и силна потпора на нашата иднина. Нашата намера е, покрај давањето шанса за најдобрите,компанијата да ја градиме со млади, високо едуцирани и перспективни менаџери за осигурување, како што е и сега во Компанија, во која работат млади кадри на сите позиции. Со тоа стануваме место каде што теоретското знаење оптимално ќе биде применето во реално и динамично бизнис опкружување“, рече Зоран Пејчиновски.