Традиционалните формати на ресторани за брза храна може да бидат загрозени поради пандемијата од Ковид-19. Burger King претстави нови дизајни на ресторани како одговор на кризата, последниот во низата слични најави од неколку концепти со ограничена услуга.
Плановите на компанијата Restaurant of Tomorrow беа креирани од групата за дизајн на ресторани Restaurant Brands International in-house со придонес од тимови за технологија и иновации во храна.
Внатрешноста на рестораните ќе има скоро 60% помал трпезариски простор за гости кои сакаат да јадат внатре. Ова скратување на трпезарискиот простор ќе биде пренаменето за зголемување на кујната, со цел поголема комотност и подобра ефективност во движењето и работењето на персоналот.
Новите ресторани на Burger King ќе имаат многу поголем простор за паркинг и пултови за нарачка на поголемо растојание. Планирани се и посебни шкафчиња од надворешната страна на објектите за подигнување на нарачки направени преку мобилната апликација на брендот, без да има потреба за било каков директен контакт со вработените во ресторанот.