Каде е најскап алкохолот во ЕУ?

85

Во текот на 2019 година, цените на алкохолните пијалаци во земјите членки на Европската унија (ЕУ) беа двојно повисоки во најскапата земја во однос на најевтината, покажуваат податоците на Eurostat.

Кога се прави споредба на цените во земјите со просечен индекс 100, резултатите покажуваат дека во Финска било најскапо да се купи жесток пијалак, вино или пиво. По Финска (90% на просекот на ЕУ), следуваат: Ирска (82%) и Шведска (56%).

Од друга страна, најниски цени на алкохолните пијалаци во Романија, Бугарија и Унгарија.

Фото: Freepik