Робот ги потсетува луѓето да носат заштитни маски

66

Заштитните маски, поради пандемијата, станаа секојдневие особено ако се движите меѓу луѓе во затворен простор. За да не дојде до ситуација во која некој би го загрозил сопственото и здравјето на тие околу него, поради тоа што не носи заштитна маска, роботот Pepper ќе го предупреди.

Вградената камера на роботот ги скенира лицата кои не носат маска, па негова задача е да им упати порака и да ги потсети. Доколку во објектот Pepper наиде на луѓе кои имаат заштитна маска, тој им се заблагодарува.

Инаку, станува збор за хуманоидниот робот Pepper на телекомуникациската и технолошка компанија, SoftBank, којшто веќе се користи за различни намени.

Фото: SoftBank