Парадокс во Австрија: Голема невработеност, а недостиг на работници

115

Во Австрија постои парадоксална состојба на пазарот на труд, бидејќи покрај големата невработеност како резултат на кризата со коронавирусот, на многу компании им недостига потребната работна сила.

Во моментов во Австрија има повеќе од 410.000 невработени, а претседателот на Австриската стопанска комора, Харалд Марер очекува овој месец тој број да се зголеми за уште 80.000.

Покрај тоа, 400.000 луѓе работат со скратено работно време.

И покрај зголемената невработеност, многу компании не можат да најдат работна сила“, рече Марер и додаде дека причината за тоа е што оние што бараат работа не се таму каде што има работа.

Само во ИТ секторот, создадени се 20.000 работни места, а во услужните дејности недостига квалификувана работна сила, на пример, 1.300 инсталатери.

За да се спречи невработеноста да остане висока, Стопанската комора бара мерки од Владата, социјалните партнери и Службата за вработување.

“Квалификацијата е приоритет. Корона кризата го отвори патот за дигитализација и образованието треба да го следи тој правец“, рече генералниот секретар на Комората, Карлхајнц Копф.

Тој посочи дека занаетчиството се покажало како “поотпорно“ на кризата и дека занаетчиите наоѓаат работа полесно отколку луѓето со универзитетско образование. 

Фото: Freepik