Британската економија порасна за 6,6% во јули во споредба со претходниот месец, покажуваат објавените официјални податоци.
Растот беше дополнително засилен со укинување на ограничувањата во услужниот сектор, пред сè на повторното отворање на пабови, барови и ресторани.
Економистите предвидоа раст на бруто домашниот производ во јули од 6,7%.
Сепак, вкупното британско производство е сè уште помалку за 11,7% отколку во февруари, пред избувнувањето на пандемијата на коронавирус во Велика Британија.
“Иако продолжи да се движи стабилно по патот кон закрепнување, британската економија сè уште мора да надомести речиси половина од вкупната загуба на БДП забележана од почетокот на пандемијата“, рече Дарен Морган од британската канцеларија за национална статистика.
Фото: Pixabay