Одборот за решавање на спорови на Светската трговска организација (СТО), пресуди против повеќето царини што Соединетите држави ги воведоа на стоки од Кина.
Одборот соопшти дека мерките на САД ги кршат клучните принципи на меѓународната трговија и условите под кои Вашингтон се приклучува на Светската трговска организација.
Портпарол на кинеското Министерство за трговија ја поздрави пресудата, која ја оцени како “објективна и фер“. Тој рече дека Кина се надева дека Соединетите држави целосно ќе ја почитуваат одлуката на СТО. Портпаролот на Министерството за трговија на САД, Роберт Лајтхајмер ја критикуваше одлуката на одборот, велејќи дека СТО е “целосно несоодветна да ги запре штетните технолошки практики на Кина“.
Тој рече дека мора да им се дозволи на САД да се бранат од нефер трговски практики и дека администрацијата на претседателот Трамп нема да дозволи Кина да ја користи Светската трговска организација за да ги искористи американските работници и компании. Одборот ја донесе одлуката откако Кина поднесе жалба поради ограничувањата на увозот наметнати од САД. Соединетите држави имаат право на жалба на одлуката во рок од 60 дена.
Фото: Pixabay