Ralph Lauren дели откази и се сели на интернет

84

Американската компанија, Ralph Lauren одлучи да го намали бројот на вработени ширум светот до крајот на фискалната година, во рамки на планот за реструктуирање со фокус на јакнење на интернет продажба, најавија од модната куќа.

Од компанијата не дадоа прецизен одговор колкав ќе биде бројот на вработени што ќе бидат отпуштени, пренесе Ројтерс.

Кризата предизвикана од Ковид-19 ја намали побарувачката на чанти, облека и модни додатоци во продавниците, принудувајќи ги компаниите кои се занимаваат со производство на луксузна роба да ги намалат трошоците и откажат плановите за ширење на мрежата на физички продавници. Меѓутоа, нивниот промет преку е – трговија пораснал.

Од Ralph Lauren наведоа дека ќе инвестираат во дигитални платформи за да ја поддржат продажбата преку интернет.

Фото: Facebook