Калифорнија за 15 години ќе забрани дизел и бензински автомобили

61

Калифорнија до 2035 година постепено ќе забрани продажба на сите бензински, дизел и хибридни автомобили за да се справи со климатските промени, објави гувернерот Гавин Њусом. Гувернерот потпиша извршна уредба, која тој ја нарече “храбар чекор напред“ на американската сојузна држава, која трпи сериозни последици од катастрофалните пожари.

Гувернерот со недели тврди дека климатските промени се главната причина за пожарите што ја опустошија Калифорнија.

“Ова е најефективниот чекор што нашата земја може да го направи во борбата против климатските промени. Премногу децении им дозволувавме на автомобилите да го загадуваат воздухот што го дишат нашите деца и семејства. Граѓаните заслужуваат да имаат автомобили од кои нивните деца нема да развиваат астма“, рече Њусом

За 15 години, ниту еден нов автомобил понуден на продажба во Калифорнија нема да испушта штетни гасови, додаде тој. Извршната наредба нема да им забрани на жителите на Калифорнија да поседуваат возило со мотор со внатрешно согорување, ниту пак ќе ја забрани препродажбата на вакви користени возила.

Фото: Pixabay