Најголеми производители на памук во светот

261

Скоро 25 милиони тони памук се произведуваат во светот секоја година. Од август минатата година до јули оваа година, глобалната побарувачка за памук се намали за 15% поради пандемијата.

Според податоците на американското Министерство за земјоделие, потрошувачката на памук, на глобално ниво, од август оваа година, до јули 2021 година, се очекува да се зголеми за 11,30%.

Анализирано по земји, најголем производител на памук во светот е Индија со околу 5,7 милиони метрички тони. Меѓу најголемите производители на памук се и: САД (3,9 милиони метрички тони), Кина (3,5 милиони), Бразил (2,7 милиони), Пакистан (1,6 милиони), Турција (806.000), Узбекистан (713.000), Австралија (479.000), Туркменистан (198.000) и Буркина Фасо (185.000 метрички тони).

Фото: Pexels