Туристички работници од Холандија во посета на Македонија

60

hol3Околу стотина претставници на туристички организации и тур-оператори од Холандија, предводени од главниот извршен директор на тур-операторот ТУИ Стефан Ван дер Хајден, утре ќе допатуваат во Охрид.

Гостите од Холандија во рамки на тридневната посета на Република Македонија ќе се запознаваат со македонската туристичка понуда, а планирано е да се сретнат и со нивни колеги, претставници на домашните субјекти од областа на туризмот. Посетата е со цел воспоставување основи за понатамошна соработка и во крајна линија зголемување на бројот на холандски туристи во Македонија.

Според статистичките податоци веќе три сезони туристите од Холандија и земјите на Бенелукс се најбројните странски туристи што организирано летуваат во Охрид и Македонија. Првата група холандски туристи оваа сезона во Охрид и Струга допатуваа на 26 април.

Очекувањата се сезонава во Македонија да летуваат повеќе од 20 илјади туристи од Бенелукс, преку аранжманите што ги нудат тур-операторите ТУИ и Корендон.