Норвешка рекордер по продажба на електрични автомобили

74

Норвешка е рекордер по продажба на електрични автомобили, а само во септември е забележан пораст за 61,5%, пренесуваат тамошните медиуми.

“Ова е историски важен момент. Политиката на електрични возила сега функционира толку добро што шест од 10 Норвежани избираат електрични автомобили, кога решаваат да купат нов автомобил. Се приближуваме до ситуација во која електричните автомобили би можеле да им бидат достапни на сите, бидејќи ова е добра вест и за оние кои би сакале да купат половен електричен автомобил“, вели Кристина Бу, секретарка на Норвешкото друштво на електрични автомобили.

Досега ваков процент не е забележан во ниту една земја во светот, а Норвешка и лани во март го поставила претходниот рекорд. Тогаш 58,4% од новите регистрирани возила биле на електричен погон.

Зголемената побарувачка на електрични автомобили во Норвешка може да се поврзе и со зголемената понудат на пазарот. На прво место по вкусот на Норвежаните е Volkswagen ID.3, по што следи Model 3 на Tesla, а трет е Polestar 2.

Во септември во Норвешка се продадени 15.552 автомобили или за 39,4% повеќе во однос на истиот период лани.

Фото: Pexels