Покрај новите рестрикции, Владата на вчерашната седница одлучи продолжениот викенд за 11 октомври да биде Викенд без ДДВ.
Според предлогот којшто Владата ќе му го достави на Собранието, сите граѓани кои имаат пристап до апликацијата Мој ДДВ ќе можат во тој викенд да остварат поврат на ДДВ на сите македонски производи и компјутерска опрема за сметки кои вкупно нема да надминат 30.000 денари, што значи дека секој граѓанин во тој викенд ќе може максимално да врати 4.500 денари доколку ја потроши максималната сума.
Во најавениот Викенд без ДДВ граѓаните ќе може да купат домашни производи и услуги до најмногу 30.000 денари, како и компјутери и ИТ опрема.
Со оваа мерка, се проектира да се направи вкупен промет од над 170 милиони евра, а проекциите стигаат и до 250 милиони евра, пари кои ќе бидат инјекција за стопанството, а кон граѓаните ќе бидат вратени околу 17 милиони евра, а со проекција и до 25 милиони евра од поврат на ДДВ.
Фото: Pixabay