Бензините од полноќ добиваат цени пониски за 1,50 денари, додека дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство поскапуваат за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Новата цена на Еуросупер БС – 95 ќе биде 59 денари за литар, а на Еуросупер БС – 98 ќе биде 61 денар.
Еден литар Еуродизел (Д-Е V) ќе чини 50 денари за литар, додека новата цената на Екстра лесното масло за домаќинство оваа недела ќе биде, исто така, 50 денари за литар.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,302 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 28.09.2020 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 25,968 ден/кг.
Фото: Freepik